Новак Ѓоковиќ во неверојатен трилер натпревар спаси три меч топки против Французино Гаел Монфис и обезбеди пласман во финалето на АТП 500 турнирот во Дубаи совладувајќи го со 2-1 по сетови (2-6, 7-6 и …). Ѓоковиќ по кој знае кој пат покажа дека психолошки е најдобар тенисер во историјата. Французинот одлично го отвори натпреварот добивајќи го првиот сет со убедливи 6-2. Одличен беше и на стартот на вториот во кој поведе со 3-1. Ѓоковиќ успеа да се врати, а во финишот на сетот при резултат 5-4 и 6-5 не успеа да искористи шест сет топки. Монфис го одведе сетот во тај-бреј, а таму по кој знае кој пат гледавме „реприза“ на натпревар на Ѓоковиќ. Србинот имаше негатива од 3-6, но повторно успеа да преброди се и на крајот да го освои тај-брејкот со 10-8. Третиот сет беше само рутински за Новак кој успеа да го добие со 6-1.
Во финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас кој во првото полуфинале беше сигурен против Британецот Ден Еванс со 2-0 (6-2 и 6-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА