Полската тенисерка Ига Швјонтек, и во оваа 2024 година е победничка на престижниот Грен слем турнир во Франција Ролан Гарос. Швјонтек во финалето во днеешното финале ја „збриша“ Италијаната Жасмин Паолини со 2-0.
Неверојатно е колку грешки направи Паолини во големото финале, а тоа го користеше Швјонтек која ја покажа својата доминација. Првиот сет го доби со 6-2.
Швјонтек имаше предност од 5-0 во вториот сет, и кога се чинеше дека ќе има „метла“, сепак, Паолини се врати и успеа да намали. Но, потоа на нејзин сервис Полјакињата успеа да дојде до сет и до триумф.
Ова беше нејзина трета последователна титула на Ролан Гарос, а четврта во нејзината кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА