Нема шега со Борусија Дортмунд, лесно преслушан и Лајпциг

Борусија Дортмунд ја продолжи серијата извонредни игри од стартот на годинава, славејќи на дербито против Лајпциг со 2-1. „Милионерите“ стигнаа до нови три бода со кои остануваат главни ривали на Баерн Минхен во трката за титулата, воедно исфрлајќи го Лајпциг од истата.

Борусија го отвори резултатот преку Брант, но тој погодок беше поништен поради играње со рака на стрелецот при контролата над топката. Сепак, еуфоричната игра на „милионерите“ продолжи што резултираше со водечкиот гол од пенал на Ројс, откако истиот фудбалер беше соборен во противничкиот шеснаесетник.

Лајпциг се обиде да се врати во мечот, но наместо израмнување, следеше втор гол за Борусија, овојпат преку Емре Џан, кој прецизно биеше од дваесетина метри по една одбиена контра по скратениот корнер на домаќините.

Гостите не се предадоа, успеаја да намалат на 2-1 преку Форсберг, но немаа сили за целосен камбек, претрпувајќи го вторит пораз во оваа 2023 година.

Борусија Дортмунд најмалку до утре вечер ќе биде осамена на врвот на табелата, со три бода предност во однос на Баерн кој утре му гостува на Штутгарт, додека Лајпциг останува на четвртото место, сега со седум бода заостанување зад „милионерите“.

Се вчитува...