Неочекуван „шок“ за Шкендија: Повреда на Хасани, без капитенот во вториот дел!

Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани заработи повреда на задната ложа од левата нога во 29. минута од натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија против Вардар во Тетово.

Хасани поради тоа во 34. минута беше принудно заменет со Изаир Емини…

Според првите информации, треба веднаш да следат детални прегледи по што ќе биде познато за тежината на повредата и должината на евентуалното отсуство. Повредата на Хасани може да претстатвува проблем и за селекторот на Македонија, Игор Ангеловски на чиј список се наоѓа фудбалерот на Шкендија за пријателските натпревари против Финска и против Азербејџан.

На полувремето Шкендија и Вардар играат без голови, 0-0. Првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија во Скопје заврши 1-1.

Се вчитува...