„Нетфликс“ ќе издаде документарец за животот на Осака

Јапонската тенисерка Наоми Осака која досега освои два грен-слем турнира, ќе добие свој документарен филм. Нетфликс одлучи да направи мини документарна серија која ќе биде посветена на животот на младата јапонска тенисерка.

Таткото на Осака е од Хаити, додека мајката е Јапонка, а документарецот ќе го опфати нејзиното доаѓање во САД, нејзиниот развој во кариерата и како се изгледало на почетокот. Тука ќе биде и нејзиното прво освојување на грен-слем кое беше на УС опен, а потоа и титулата на Австралија опен. Подготовките за ЛОИ во Токио ќе бидат исто дел од документарецот, како и тоа дека е првата од Азија која успеала да стигне до врвот на ВТА листата.

Се вчитува...