Неверојатна сцена во Бразил: Постигна гол, тргна кон трибините и пропадна во дупка!

Несекојдневна и за малку опасна ситуација го одбележа натпреварот меѓу Коритиба и Шапекоензе во бразилскиот шампионат.

Фудбалерот на Коритиба, Џеси Марањао, се најде во центарот на вниманието откако постигна гол, но прославата за малку можеше да заврши со сериозна повреда.

По погодокот, Марањао тргна кон трибините за да го прослави голот со навивачите. Во еуфоријата, сепак, не забележа дека пред него има отворена дупка.

Фудбалерот зачекори право во неа и пропадна, предизвикувајќи шок кај присутните. Еден од вработените во клубот веднаш се фати за глава кога виде што се случи.

За среќа, ситуацијата помина без посериозни последици, па Марањао можеше да продолжи со прославата.

Снимката од необичниот момент брзо привлече внимание, а сцената е уште еден потсетник дека понекогаш и најобичната прослава на гол може да се претвори во опасна ситуација.

Се вчитува...