Неверојатно полувреме на „Борусија Парк“: Фрајбург води со 0-6!

Можеби малкумина се надеваа дека Фрајбург може да дојде до победа над Борусија Менхенгладбах на гости, но дека на полувреме ќе имаат водство од 0-6, па ниту најголемите оптимисти не се надеваа. Да, добро прочитавте, Фрајбург има предност од 0-6 во неверојатен прв дел. И тоа водството можеше да биде поубедливо, ако беше искористена уште една од дополнителните две шанси кои ги имаше гостинскиот тим.

Уште во 25. минута беше 0-5 со головите на Егештајн, Шаде, Ленарт, Хофлер и Холер, за потоа Шлотербек во 37. минута зголеми и на 0-6.

На фудбалерите на Борусија Менхенгладбах ќе треба нешто да сменат, барем да намалат од овој висок пораз. Домашниот тренер направи и две измени во првиот дел, незадоволен од случувањата на теренот, но малку е веројатно да стори нешто освен да избегне убедлив пораз.

Се вчитува...