„Никогаш не сум видел некој да јаде како Халанд, не му е рамна ниту мечка“

Напаѓачот на Ватфорд Џошуа Кинг упати само супер комплименти за неговиот сонародник Ерлинг Халанд (21). Младиот Норвежанеџ постигна 70 гола за Борусија Дортмунд на 69 натпревари.

Одличниот фудбалер има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, а во ред за него се речиси сите најголеми европски клубови.

„Тој е чудо, никогаш не сум видел некој да јаде толку многу. Има се повеќе мускули, но не знам, јаде како мечка. Ерлинг е фино момче. Во некои интервјуа тоа не изгледаше така, но тој е скромен – младо момче кое ужива во фудбалот“, заклучи Кинг.

Се вчитува...