Никој како Покетино: Аргентинецот на „Паркот на Принцовите“ ќе заработи богатство

Како што пренесуваат француските медиуми, Маурицио Покетино може да биде најплатениот тренер во историјата на ПСЖ доколку на „Паркот на Принцовите“ остане три години, колку што е неговиот договор. Со тоа аргентинскиот стручњак би заработил повеќе од Анчелоти, Блан, Тухел и Емери.

Оваа сезона платата на Аргентинецот изнесува 525 илјади евра месечно, во следната сезона месечната плата ќе „скокне“ на 625 илјади евра, додека во третата година од договорот, која што е опционална и ќе зависи од задоволството на клубот од работата на 48-годишниот стратег, со бонуси ќе изнесува 8 милиони евра за една сезона.

Досега најплатениот тренер на клубот на „светците“ беше Карло Анчелоти со бруто плата од 895 илјада евра месечно, Лоран Блан заработуваше 700 илјади, Томас Тухел 625 илјади, додека Унај Емери 600 илјади евра.

 

Се вчитува...