Никола Ѓошевски за „Калчомеркато“: Елиф е фудбалер каков Македонија немала досега!

Елиф Елмас и тоа како уште еднаш го привлече вниманието на фудбалска Европа преку демонстрацијата на квалитет на терен на натпреварот против Германија во Дуисбург. Сето тоа повеќе од доволно и Наполи да ликува, се повеќе свесен за бисерот кој го поседува во своите редови.

А, најзаслужниот 21-годишниот Елмас да биде во редовите на „наполитанците“ е, без сомнение, најдобриот македонскиот фудбалски агент, Никола Ѓошевски, кој заедно со таткото на македонскиот „дијамант“ Џеват Елмас, всушност одлучуваа, посредуваа и на крајот заеднички се одлучија околу клучниот чекор за нова фудбалска иднина на македонскиот репрезентативец. Иако, само поради регулативите на Италијанската фудбалска асоцијација, како партнер за Италија при реализацијата на трансфери на Апенините соработуваат со Џорџ Гарди.

Ѓошевски во изјава за италијански „Калчомеркато“ нагласува дека Македонија првпат во својата историја има играч како Елмас, еден од најдобрите во светот во својата генерација.

„Ова е најдобрата репрезентативна генерација која Македонија ја имала. И затоа и не изненадуваат резултатите на тимот, и пласманот за првпат во историјата на Европско првенство“ – вели Ѓошевски, притоа дополнувајќи:

„Елмас е нашиот дијамант. Фудбалер каков сме немале досега, еден од најдобрите на светот во својата генерација. Ние знаеме дека со својот квалитет тој еден ден ќе може да биде дел и од најдобрите тимови во Европа, дел од самиот европски врв“ – истакнува агентот на Елиф Елмас.

Се вчитува...