Нојер и уште тројца во Баерн позитивни на коронавирус

Мануел Нојер ќе биде во карантин неколку дена, откако бил тестиран позитивно на коронавирусот. Тој ова го објави на својот профил на „Фејсбук“, и се заразил за време на одморот во Малдиви.

Покрај него, во Баерн позитивни се и Кингсли Коман, Корентин Толисо и Омар Ричардс. Освен овие четворица фудбалери, позитивен е и помошникот тренер Дино Топмелер.

Претходно позитивни на коронавирус беа тренерот Јулијан Нагелсман, како и фудбалерите Никлас Зиле и Џошуа Кимих.

Во Германија поради коронавирусот, последните неколку натпревари од есенскиот дел се играа без публика, или со редуциран капацитет од 50% во одредени области.

Се вчитува...