Неверојатната статистика на Мануел Нојер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер забележа асистенција во Лигата на шампионите во вторникот. Тој му асистираше на Левандовски за петтиот гол за „Баварците“, и со тоа чуварот на мрежата влезе во историјата.

Нојер е првиот и засега единствен голман кој што има асистенции во сите големи натпреварувања: во Бундеслигата, германскиот Куп, Лигата на шампионите и Светските првенства.

Инаку, за Нојер ова беше седмата асистенција во кариерата, што може да се пофали дека има подобра статистика од бројни асови на плејмејкерската позиција на кои додавањето до соиграчите им е составен дел од „работните обврски“.

Се вчитува...