Нов доказ во „случајот силување“: Роналдо ќе мора на ДНК анализа

Португалскиот ас Кристијано Роналдо се соочува со нови проблеми во судскиот случај за силување што се води против него во Лас Вегас. Американската манекенка Кристин Мајорга го обвинува за силување по аферата што ја имале во 2009 година. Иако Роналдо и платил за да молчи и да го отвора случајот, сепак, таа речиси десет години подоцна сака да докаже дека била силувана.

Има и нови докази, па властите во Лас Вегас издадоа налог да се спореди ДНК од фустанот на Мајорга и од Кристијано Роналдо. Адвокатите на Португалецот уверуваат дека тоа нема ништо да докаже и смируваат дека ова е само обид за да се извлечат финансии од познатиот фудбалер.

Се вчитува...