Нов кандидат за „жешкото столче“ во Челси – Џон Тери!

Екс-фудбалерот на Челси, Џон Тери, цели кон преземање на менаџерската функција на актуелниот англиски шампион. Искусниот дефазивец по 22 години го напушти клубот од „Стемфорд бриџ“ по крајот на минатата сезона и одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на Астон Вила, но со оглед на тоа дека договорот му истекува во завршувањето на овој шампионат, Тери планира да стави крај на богатата фудбалска кариера со цел да си ја оствари желбата. Сака да се врати во Лондон и се приклучи во стручниот штаб на „сините“.

Не станува збор за директна смена на Антонио Конте. Долгогодишниот капитен на Челси сака да ја започне менаџерската кариера од најнизок ранг на тренер, потоа постепено да се усовршува и со тек на време да ја заслужи менаџерската работа. Англискиот одбранбен играч така ја започна и фудбалската кариера, од академијата на Челси со напорна работа стигна до првиот тим и заслужи деби на 18 години.

Петкратниот освојувач на Премиер – лигата моментално е клучен фактор во составот на Стив Брус, во обидот да ja вратaт екипата на Астон вила во англиската елита, по нивната елиминација во сезоната 2015/2016.

Се вчитува...