Нов момент во случајот: Поранешната девојка ќе го „уништи“ Роналдо

Правната битка на Кристијано Роналдо да докаже дека е невин по обвинувањата за силување на Кетрик Мајорга штотуку стана потешка, откако поранешната девојка на Португалецот, Џасмин Ленард, најавила дека ќе и помогне на Мајорга да докаже дека Роналдо навистина ја силувал во Лас Вегас.

Адвокатите на Мајорга веќе имале средба со Ленард во Велика Британија, а таа се согласила и да дојде да сведочи во САД доколку тоа е неопходно. Како што објавуваат британските медиуми, Џасмин тврди дека има докази кои ќе го уништат Роналдо. Поточно, според нејзините зборови таа била уценувана од страна на Роналдо, да не обелоденува никакви детали за нивната врска, во спротивно во јавноста би се појавиле нејзини разголени фотографии.

„Како би се чувствувала татко ти да те види гола на фотографии по весници“ – наводно и се заканил Роналдо на Ленард.

Британката и претходно јавно го има критикувано Роналдо, опишувајќи го како опседнат и љубоморен.

„Роналдо е психопат, а јас повеќе од десет години ги чував неговите тајни. Го правам ова за сите жени што ги злоставувал, сите нека ги видат неговите арогантни поради во кои тврди дека ќе се извлече обвиненијата бидејќи луѓето многу го сакале. Мене ми се закани дека ќе ме исече на парчиња и ќе ме фрли на дно на река ако излезам со друг маж. За сето ова што го зборувам имам докази“ – открива Џасмин Ленард.

Се вчитува...