Нова драма на „Кале“, овој пат со среќен крај за Вардар

Во заостанатиот натпревар од првото коло, Вардар успеа да слави над Црн Дрим со 76-72, и стигна до првата победа во сезоната, против директен противник во борбата за опстанок меѓу најдобрите во мак-баскетот. Избраниците на Чочороски имаат за што да жалат бидејќи домаќините на оваа средба имаат 24 изгубени топки.

Натпреварот започна во израмнет ритам од самиот почеток. Црн Дрим ја контролираше скок играта на самиот почеток, меѓутоа со влезот на Дујковиќ, Вардар го стабилизираше овој сегмент од играта. Избраниците на Јованчев трчаа добро во транзиција, но не успеаа да ја смират топката и да ги намалат изгубените топки. За среќа на „црвено-црните“ тоа не го искористи гостинскиот состав кој имаше лоша реализација од поле во првите десет минути, но одигра добра одбрана над Провел и го наруши ритамот на Американецот, па по првите десет минути на семафорот стоеше предност од 24-19 за домашниот тим. Добрата транзиција на Вардар продолжи и на почетокот на втората четвртина преку која домаќините ја направија и првата значајна разлика на натпреварот од +10 (31-21). Тајмаутот на Чочороски вроди плод кај гостите од Струга, кои со агресивната одбрана усепаа да ги сопрат домаќините и изнудат грешки кај младиот состав, а во право време проработе и шутот па Црн Дрим кој на крилјата на новото засилување Каухед на полувремето замина со предност од 40-42.

Одбраната беше во прв план во второто полувреме, а Дујковиќ продолжи со добрата игра на двата дела од теренот. Вардар не го служеше шутот, но поенитраше под обрачот па набргу го превзема водстовото (50-42). Црн Дрим се мачеше да го заобиколи високиот играч на „црвено-црните“ во рекетот, но со влегувањето на Арсоски доби ширина во нападот, ги искористи и грешките на домаќинот па преку шутот надвор од рекетот, набргу успеа да се врати во резултатска неизвеност. По 30 минути игра на семафорот стоеше минимална предност за домаќинтие од 55-54. Вардар во поголемиот дел од последната четвртина беше без Лефковски кој ја заработи петтата лична грешка, а изедначениот натпревар во кој се играше кош за кош траеше се до последната минута од натпреварот во која Дујковиќ со поени на 15 секунди до крајот донесе предност од 72-71. Последниот напад му припадна на Црн Дрим, но по изгубената топка Каухед заработи неспортска лична грешка, а Провел го постави конечниот резултат.

Во домашниот тим со 24 поени, 15 скока и 9 блокови беше Дујковиќ, Провел натпреварот го заврши 23 поени и 5 скока. додека Лефковски додаде 20 поени и 6 скока. Прво име во Црн Дрим со 24 поени и 7 скока беше Каухерд, додека Делоски додаде 12 поени и 3 асистенции.

Се вчитува...