Нова победа на Лил во францускиот шампионат (ВИДЕО)

Лил продолжува со одличните партии сезонава во францскускиот шампионат откако во 23. коло славеше на гостувањето кај Бордо со 0-3. Јазици во 54. минута донесе водство за гостинскиот тим, Тимоти Веа во 66. зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 ги постави Давид во 89 минута. Со овој триумф Лил ја зголеми разликата на првенствената табела пред Лион на пет бода кој вечерва треба да го одигра својот дуел против Дижон, додека шест бода изнесува предноста пред шампионот ПСЖ. Бордо останува 10. со 32 бода.

ЛИГА 1 23. КОЛО: 

Бордо – Лил 0-3

Мец – Монпелје 1-1

Ремс – Анже 0-0

Рен – Лориен 1-1

Стразбур – Брест 2-2

 

Се вчитува...