Јувентус триумфално ја заврши оваа 2018 година откако во последниот натпревар актуелниот италијански првак славеше над Сампдорија со 2-1. Во главна улога повторно беше Кристијано Роналдо, кој со двата постигнати погодоци ја донесе победата на „старата дама“, за зацврстување на првото место на табелата.
ВАР-технологијата беше во фокусот на вниманието и на овој натпревар, откако најпрвин Сампдорија израмни со ВАР-пенал преку Квалјарела, за потоа Јувентус да поведе од идентична ситуација.
„Драмата“ се случи во судиското продолжение, кога Сапонара постигна прекрасен погодок за израмнување, гостите од Џенова триесетина секунди го славеа голот, за судијата по прегледување на снимката да го поништи истиот поради офсајд во раната фаза од натпреварот.
Cristiano Ronaldo goal 2-1#JuveSamp #ForzaJuve pic.twitter.com/R9NHyCTDnC
— Juventus Football News (@juventusfcfn) December 29, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА