Новак Ѓоковиќ ќе настапи на ЛОИ во Париз

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Летните олимписки игри во Париз. Постоеше можност Србинот да го пропушти најголемиот спортски собир на светот по повредата на Ролан Гарос, но тој одново ќе се најде во главниот град на Франција.

Ѓоковиќ има желба да и донесе на Србија златен медал на Олимпијадата и тој официјално ќе биде дел од српските спортисти во Париз, потврди Олимпискиот комитет на Србија.

За сега не е познато каде најдобриот тенисер на светот ќе се подготвува за Игрите. Постои можност тој да настапи и на Вимблдон доколку биде подготвен до почетокот на најголемиот грен-слем турнир во сезоната, а доколку не се случи тоа, тоа значи дека тој ќе настапи на некои од помалите турнири пред почетокот на настанот на 26. јули.

Се вчитува...