Новевски во првиот тим на Војводина, реми на тестот со Алтај во Анталија

Младинскиот репрезентативец Владан Новевски го одигра првиот натпревар за Војводина низ подготвителниот циклус на новосадскиот тим во Анталија.

Војводина на тестот со турскиот Алтај одигра без победник (1-1) во Белек, а Новевски, иако со само 18 години, веќе отворено ја добива довербата на шефот на стручниот штаб, Ненад Лалатовиќ.

Новосадскиот прволигаш, очекувано, натпреварот го одигра со две сосема различни постави во двете полувремиња. Македонскиот фудбалер, кој е член на селекцијата до 19 години, го одигра второто полувреме кога и беа постигнати двата погодоци на дуелот. Најпрво новосаѓани поведоа во 57. минута, а противникот израмни со гол во 89. минута.

Се вчитува...