Нови двајца фудбалери на ПСЖ позитивни на коронавирус

ПСЖ е еден од клубовите ширум Европа што се најпогодени од коронавирусот, откако пред речиси секој натпревар на „светците“ се појавуваат нови случаи на Covid-19 во редовите на францускиот првак.

Исклучок не е ниту утрешниот меч со Лориен, откако на задолжителното тестирање било утврдено дека позитивни на коронавирус се Марко Верати и Абду Диало. Ова значи дека „светците“ повторно ќе бидат принудени на експеримент бидејќи станува збор за двајца стартери, а интересно ќе биде да се види за каква формација ќе се реши Покетино, кој и самиот пред две седмици се зарази од коронавирус.

Поради коронавирус во тимот на ПСЖ ќе го нема ниту Дагба, повредени се Ерера и Бернат, но најважно сепак е што максимално подготвени за настап се Нејмар, Мбапе и Икарди.

Се вчитува...