„Новиот Роналдо“ се посрамоти – промашување на деценијата во Бундес-лигата (видео)

Андре Силва на почетоците на кариерата го имаше прекарот „новиот Роналдо“, но денешното супер-промашување е јасен доказ дека португалскиот напаѓач не ги оправда овие споредби.

Тој се најде во одлична ситуација по една грешка на гостинските дефанзивци на дуелот меѓу Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, кога пред себе имаше празна мрежа, но наместо да стрела прецизно ја погоди само гредата од голот.

„Мислам дека и јас би погодил на негово место – празен гол“, се пошегува коментаторот на „Спортклуб“ во преносот од овој натпревар.

Се вчитува...