„Новиот ВАР“ детектира офсајд и во случај да станува збор за „малиот прст“ (ФОТО)

Клуб Бриж со победа од 1-0 над Леверкузен ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите, но мечот во Белгија го отслика интересна ситуација со новиот систем за детекција на недозволени ситуации кој спречи изедначување поради милиметарски офсајд.

Во 73. минута од мечот Шик со глава погоди за изедначување, но голот беше поништен, а сликата која ја прикажа новиот полуавтоматски систем (САОТ), воведен за да го скрати времето при проверка на офсајд ситуации го детектираше „малиот прст“ на Тах во недозволена позиција.

Се вчитува...