Њукасл му „зеде мерка“ на Јунајтед

Манчестер јунајтед го доживеа вториот последователен пораз на гости, откако загуби од Њукасл со 1-0. Тимот на Жозе Мурињо остана на 56 бода и има огромна негатива од 16 бода во однос на лидерот Манчестер сити.

„Црвените ѓаволи“ не одиграа на потребното ниво на „Сент Џејмс парк“ и тоа Њукасл умееше да го казни. Мет Ричи во 65.минута го постигна победничкиот погодок за Њукасл со кој побегна од дното и забележа триумф по пет натпревари во Премиер – лигата.

Се вчитува...