Обамејанг е болен, неизвесен за дуелот со Евертон

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, истакна дека новото засилување, Пјер Емерик Обамејанг е неизвесен за утрешната пресметка против Евертон. Габонецот најверојатно ќе почека за своето деби бидејќи веќе неколку дена е болен и не во можност целосно да го одработи тренингот заедно со новите соиграчи.

„Обамејанг веќе неколку дена не се чувствува најдобро, има настинка која го спречи целосно да се посвети на тренинзите и да го даде својот максимум за да оцениме дали е подготвен за настап. Медицинскиот тим утре уште еднаш ќе го прегледа пред да донесеме конечна одлука“, истакна Венгер на денешната прес – конференција.

Meчот Аренал – Евертон во рамките од 26. коло во Премиер – лигата е закажан за утре со почеток од 18:30 часот.

Се вчитува...