Обдукцијата покажала дека во крвта на Тот немало наркотични супстанци, наскоро ќе се знаат причините за смртта

Обдукцијата направена на починатиот ракометар на Бутел, Денис Тот покажала дека немал никакви наркотични суспстанци во крвта, пренесуваат хрватските медиуми.

Трагичната смрт на младиот ракометар донесе огромна тага во македонската и хрватската спортска јавност, во очекување и на официјалните извештаи за причините за истата.

Во меѓувреме, амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи во разговорот за хрватски „Вечерњи“ вели дека случајот целосно ќе биде расчистен во интерес на семејството на Тот, но и на целокупната јавност во двете земји, притоа замолувајќи да не се шират постојано разно-разни шпекулации.

„Предадено е телото на обдукција, но тоа што може да го потврдиме е дека во крвта на Денис не се пронајдени наркотици или некакви други сусптанци. Лекарите од КАРИЛ во Скопје истакнаа дека кога Денис бил донесен во клиника немал видливи траги на повреди, а донесен со срцево затајување. Во секој случај, ќе следат официјални детални информации од сите надлежни македонски институции. Искрено се надевам дека по деталната истрага нема да се испостави дека е насилна смрт. Жал ми е за младиот живот, жал ми е што така се заврши, но се уште не ги знаеме причините. Навистина ми е премногу жал за загубениот млад живот“ – истакнува Фетаи.

Се вчитува...