Од Баерн откриваат: Мурињо беше кандидат за тренер

Легендата на минхенски Баерн, Карл-Хајнц Румениге открива дека Жозе Мурињо бил кандидат за тренер на тимот.

Баерн во минатото водел сериозни разговори со „специјалниот“ но на крајот се одлучиле да не го ангажираат.

„Жозе Мурињо беше кандидат за тренер на клубот. Сакаше да дојде во Германија и да го води Баерн, но на крајот се одлучивме да тренер со поинаков профил и карактеристики кои подобро се вклопуваат во нашиот тим. Во секој случај, го почитувам Мурињо и се надевам дека ќе има успеси со Рома“ – истакна Румениге.

Се вчитува...