Од Јувентус објаснија зошто Буфон си заминал по 17 години

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон летово го напушти Јувентис по 17 години поминати во клубот. Изненадувачки, 41-годишниот голман не замина во пензија туку продолжи да брани и оваа сезона како член на францускиот ПСЖ.

Тој прво рече дека заминува во пензија на крајот  од сезоната и ние бевме подготвени на тоа. Го потврдивме Шчешни како прв голман за новата сезона, а потоа Буфон доби понуда од ПСЖ“ – изјави спортскиот директор на Јувентус, Фавио Паратици.

Во Франција славниот италијански голман цели на титула во Лигата на шампионите која во три финалиња не успеа да ја освои со Јувентус. Дури и изјави дека „лудо ќе слави“ ако ПСЖ во финалето го победи токму Јувентус, што не им се допадна на навивачите на „старата дама“.

Се вчитува...