Од судска медицина потврдуваат: Обдукцијата на починатиот Тот е во тек, извештаите ќе бидат пренесени до надлежен обвинител

Ракометна Македонија е завиена во црно откако вчера почина Денис Тот, хрватскиот ракометар кој последните години ги мина во нашиот шампионат, а сезонава го носеше дресот на РК Бутел.

Како што пренесува Сител телевизија во тек е обдукцијата на телото на младиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот. Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков за Сител телевизија вели дека наодите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

„Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител“, вели Станков за Сител.

Братот на Денис, Борис Тот преку социјалните мрежи вчера вечер напиша дека причината за смртта на 27-годишниот ракометар е срцев удар. Извори од Карил и за ЕКИПА.МК ја потврдија информацијата, дека Тот бил примен без срцева реакција, по што веднаш се преминало на реанимација, а дека немало никакви знаци на повреди предизвикани од физичко насилство.

Се вчитува...