Одбојкарите на Пробиштип не запираат со својот триумфален од во домашниот шампионат, славејќи со убедливи 0-3 во 12. коло од Првата лига и на гостувањето против шампионот Шутова.Пробиштип победи со 0-3 (12-25,17-25,15-25) против Шутова, со што на две кола на крајот од регуларниот дел е и тоа како блиску до зачувување на првата позиција на табелата.Струмица е на второто место со 11 победи, и само еден пораз, откако во ова коло победи со 3-0 против УГД Студент.Во женска конкуренција, пак, и натаму беспрекорни се одбојкарките на Јанта Волеј, со максимален ефект. Ја запишаа и 12-та победа, овој пат со 1-3 на гостувањето против ОК СВСК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА