Македонските „спартанци“ со максимален ефект од шест победи одат на Ф4 турнирот во Европската лига. На последниот меч од вториот турнир, кој се одржува во Тирана, македонските одбојкари ја совладаа Албанија со 3-2 во сетови.
Без оглед на фактот дека мечот немаше преголемо резултатско значење, македонските одбојкари одиграа на високо ниво, користејќи го овој дуел како „генералка“ за претстојното полуфинале на Ф4 турнирот во Данска. Сериозниот пристап во првиот сет донесе лесно водство од 25-21, за потоа да дојде до пад во концентрацијата, па Албанија да возврати со убедливо добиен втор сет од 25-17.
„Спартанците“ ги консолидираа своите редови и славеа во третиот сет со 25-21, а потоа се вратија од негатива од 17-20 и поведоа со 21-20 во четвртиот дел од мечот. Сепак, токму во тие моменти дојде до пад во концентрацијата, па по нашето водство од 22-21 Албанија нанижа четири поени и славеше со 22-25, носејќи го мечот во тајбрејк.
Во решавачкиот сет, Македонија сепак го покажа својот квалитет и сакаше со максимаелен ефект да го заокружи и овој турнир. Поведе со 8-3, па иако Албанците намалија на 9-7, сепак следеа два поени во серија за Македонија, со кои и дефинитивно беше скрен отпорот на домашната селекција. На крајот, македонските одбојкари славеа со 15-10, и го комплетираа мечот во своја корист.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА