Одличниот Данец е решението за нападот на Баерн

Баерн Минхен тешко доаѓа до успех без класичен голгетер, а се покажа тоа оваа сезона кога клубот и натаму не е сигурен во битката за титулата и за Лигата на шампионите, а ја загуби во Купот откако беше елиминиран од Фрајбург. По продажбата на Роберт Левандовски, „Баварците“ стигнаа до момент кога имаат проблем со реализацијата, бидејќи се без класичен напаѓач.

Меѓутоа раководството на Баерн има намера да го реши тоа прашање за идната сезона. Така во плановите на најтрофејниот германски тим е младиот дански напаѓач Расмус Хojлунд.

Хјолунд има одлична година, постигна 14 гола во 34 натпревари во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Данска има пет гола од првите четири меча. Во 20-годишниот играч Баерн гледа сигурна иднина.

Од таборот на Минхен по завршувањето на сезоната ќе понудат 50 милиони евра. Сепак, проблем може да претставува што листата на заинтересирани за неговиот потпис е долга и звучна, па така Хojлунд е интересен и за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид.

Се вчитува...