ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Со седум измени во однос на дуелот со Грузија – Миовски во нападот, комплетно променета дефанзива

Сосема очекувано, македонскиот селектор Благоја Милевски со сериозен број измени во стартниот состав во однос на претходниот натпревар со Грузија, ќе го очекува денешниот дуел од 4. коло во Групата 4 од Ц-Лигата на нации против Гибралтар.

Дури седум измени има во почетниот состав во однос на дуелот против Грузијците. Комплетно е променета дефанзивата, па сега на голот ќе биде Дамјан Шишковски, а пред него Тодороски како десен бек, Зајков и Серафимов како централни дефанзивци и Кире Ристевски на левата бековска позиција.

Во средниот ред, како последни играчи за врска Барди и Николов, заедно со Елиф Елмас, а во нападот на крилните позиции Чурлинов и Алиоски, заедно со Бојан Миовски на местото на досега стандардниот Милан Ристовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Гибралтар на арената „Тодор Проески“ во Скопје почнува во 18 часот.

Се вчитува...