ОФИЦИЈАЛНО: Александар Исак е нов фудбалер на Ливерпул

Александар Исак од оваа вечер и официјално е нов фудбалер на Ливерпул остварувајќи рекорден трансфер од 150 милиони евра од редовите на Њуксал Јунајтед.

Шведскиот голгетер веќе подолго време се поврзуваше со трансфер во редовите на актуелниот шампион на Англија, а истиот и конечно се оствари по долга сага која траеше во текот на целото лето.

Исак покажа вистинска класа настапувајќи за Њуксал Јунајтед постигнувајќи 62 голови на 132 одиграни натпревари па е јасно дека очекувањата за него на „Енфилд“ се преголеми.

Се вчитува...