Официјално: Артета доби уште еден столб во одбраната

Арсенал го официјализиараше потписот на Пиеро Хинчапи, еквадорскиот репрезентативец кој пристигнува на „Емирати“ како големо засилување од редовите на Баер Леверкузен каде беше еден од најважните фудбалери во шампионскиот поход во сезоната 2023/24.

Дваесетитригодишникот настапи на повеќе од 100 натпревари за германскиот тим па неговото искуство е добредојдено во Арсенал и покрај тоа што „топчиите“ имаат тим исполнет во квалитетни фудбалери на оваа позиција.

Се вчитува...