Чави Хернандез е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, потврдија вечерва од федерацијата на оваа држава.
Чави потпиша договор со „лалињата“ до 2030 година, а главна цел ќе биде што подобар пласман на Европското првенство во Велика Британија во 2028 година, како и настап на Светското првенство 2030 година.
Чави својот последен ангажман го имаше во 2024 година кога го заврши својот тригодишен мандат во Барселона. Претходно како тренер работеше и во катарскиот Ал Сад.
We proudly present our new head coach. 🇳🇱⁰⁰Welcome, Xavi Hernández! 🧡#NothingLikeOranje #Xavi2030 pic.twitter.com/9aOpc9J53S
— OnsOranje (@OnsOranje) August 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
