Официјално: Кукуреља потпиша за Реал Мадрид

Барселона и Атлетико Мадрид се обидоа да го доведат Марк Кукуреља, а потоа во приказната „влета“ Реал Мадрид и за 24 часа го заврши трансферот на шпанскиот репрезентативец.

Левиот бек потпиша договор со „кралевите“ до 2032 година. Тој е во моментов со селекцијата на Шпанија на Светското првенство, а официјалната промоција ќе се случи по завршување на Мундијалот.

Кукуреља во минатото настапуваше во младинските и во сениорските категории на Барселона, па во Гетафе, од каде замина во Брајтон, и потоа во Челси.

Се вчитува...