Фудбалскиот клуб Ливерпул и младиот крилен играч Рио Енгамоа потпишаа професионален договор. 17-годишникот доби право да го потпише првиот професионален договор во својата кариера пред еден месец, а Ливерпул не чекаше ни момент да го награди за неговата лојалност и импресивен напредок во последната година.
Станува збор за играч кој во иднина би можел да биде столб на нападот на „Црвените“ откако беше „украден“ од Челси кога скаутите на Ливерпул го забележаа за време на натпреварите на академиите на клубот од Лондон. Откако се согласија за неговиот трансфер на „Енфилд“, Челси им забрани на скаутите на клубот од Мерсисајд воопшто да стапнат во Кобам, сфаќајќи дека направиле сериозна грешка.
Ова лето, Рио стана полноправен член на првиот тим на Арне Слот, беше редовно на тренинзите на сениорскиот тим и сега е чест избор на холандскиот специјалист.
Денес со него беше потпишан максималниот договор за 17-годишник – на три сезони. Во август, Енгамоа стана најмладиот стрелец во историјата на клубот кога постигна гол против Њукасл за победа во 100-тата минута
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

