ОФИЦИЈАЛНО: Постекоглу е нов тренер на Нотингем форест

Поранешниот тренер на Тотенхем и Селтик, Енџи Постекоглу и официјално е претставен за нов тренер на Нотингем форест.

Откако Нуно Еспирито Санто беше отпуштен вчера, сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, брзо пронајде замена. Се чини дека ќе може многу подобро да соработува со новиот тренер бидејќи ангажираше сонародник.

Новиот тренер на Форест ќе биде Енџи Постекоглу, кој го водеше Селтик две сезони, а потоа и Тотенхем две сезони. Постекоглу претходно раководеше со клубови во Јапонија и Австралија, како и со австралиската репрезентација. Едно време, тој беше и тренер на грчкиот Панахаики. Најголемиот успех го постигна како менаџер на Спарс, кога им го донесе трофејот од Лигата на Европа минатата сезона.

Иако тоа беше првиот трофеј на Тотенхем од 2008 година Постекоглу сепак доби отказ. Постекоглу потпиша договор до јуни 2027 година.

„Откако добивме промоција во Премиер лигата, а потоа постојано градевме сезона по сезона за да обезбедиме европски фудбал, сега мора да го направиме вистинскиот чекор за да се натпреваруваме со најдобрите и да се бориме за трофеи. Анже ги има потребните акредитиви и искуството за да го стори ова, и возбудени сме што ни се придружува на нашето амбициозно патување“, велат од Нотингем. 

Се вчитува...