Официјално: Вимблдон откажан, следното издание во 2021 година

Годинашното издание на Вимблдон кое требаше да се одржи на крајот на месец јуни е откажано поради пандемијата од коронавирусот, објавија организаторите.

Тоа требаше да биде 134. издание на најголемиот тениски турнир во светот, но ќе се одржи следната година во периодот од 28. јуни до 11. јули.

Вимблдон е откажан за првпат по Втората светска војна, а е само уште едно од големите натпреварувања кои нема да се одржат летово. Претходно, иста одлука се донесе и за Европското првенство во фудбал и Летните олимписки игри во Токио.

 

Се вчитува...