Огромен револт меѓу прилепчани: Украдена победа!

Победа ја очекува жестока битка за опстанок оваа сезона… Токму поради знаат прилепчани дека секој бод е повеќе од значаен на патот до останувањето во прволигашкото друштво, поради што огромен е револтот поради начинот на кој го загубија триумфот против Шкупи.

Победа имаше три бода во рака, но по примен гол во 88. минута од офсајд позиција Шкупи успеа да израмни за конечни 3-3. Очигледно е дека турскиот интернационалец Емре Чан беше во длабока офсајд позиција пред постигнувањето на израмнувачкиот погодок…

„Украдена ни е победата“ – категорични се од таборот на ФК Победа.

Од Победа најавуваат жалба до ФФМ за судењето на Димитар Мечкаровски, и првиот помошник Дејан Неделкоски од Скопје кого го сметаат за главен виновник за признаениот последен гол на Шкупи.

Се вчитува...