Огромни проблеми за КФМ – позитивни случаи и во ФМП Академија

По појавата на позитивни случаи на коронавирус во Куманово, денеска се огласи и тимот на ФМП Академија кој претходниот викенд одигран натпревар во рамките на 3. коло од Првата лига. По направените тестирања, два играчи на составот од Кисела Вода се позитивни на висусот и согласно со протоколот целата екипа оди во изолација и нема да може да настапува во наредните две недели.

Почитувани,
Поради ново настанатата ситуација во екипата на КК Куманово кој беше и наш директен противник во последниот натпревар одигран во саботата по кој се појавија позитивни случаи во нивниот тим, двајца наши играчи пројавија симптоми и беше извршено тестирање врз истите.
Играчите беа веднаш изолирани од останатиот дел од екипата, но за жал резултатите покажаа позитивен резултат, односно присуство на вирусот кај двајцата играчи од екипата.
Според препораките од Институтот за Јавно Здравје, останатиот дел од екипата оди во изолација. Сите играчи и членови на стручниот штаб се во добра состојба како и двајцата позитивни случаи.
Жалиме што натпреварите од следните две кола нема да бидеме во можност да ги одиграме поради оваа настаната ситуација – стои во соопштението на ФМП Акадмија

Согласно со позитивните случаи во Куманово и ФМП Академија, како и настапот на МЗТ Скопје и Работнички во регионалната АБА2 Лига, овој викенд ќе може да се одигра само еден натпревар, помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје Уни Банка.

Се вчитува...