Вардар има перфектен скор од старт од почетокот на сезоната, но „црвено-црните“ вечерва се соочуваат со најголемиот предизвик – гостување против силната екипа на Охрид.
Охриѓани имаат огромен напредок во играта во однос на ланската сезона, тргнаа моќно и во европските купови, а сега се надеваат дека во ист стил ќе продолжат и против „вардарци“. Максимално мотивирани, ракометарите на Охрид веруваат дека со поддршка од трибините можат да дојдат до скалпот на лидерот на табелата.
„Вардар е многу тежок тим да се победи. Сега се во добра форма, но и ние имаме добра динамика и не сме иста екипа како пред два месеци. Имаме појасен систем и поголема верба. Ако публиката дојде во сала имаме големи шанси да победиме, изјави Ориол Реј Моралес, шпанскиот специјалист за одбрана во таборот на Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

