Oливер Кан: На Баерн не му треба Халанд, ние го имаме Левандовски

Претседателот на Баерн Минхен, легендарниот Оливер Кан, одговорил на потенцијалниот трансфер на Ерлинг Халанд, во најтрофејниот германски клуб.

Халанд се поврзува со неколку врвни европски клубови, еден од ние е и Баерн.

„Го имаме Роберт Левандовски. Тој и понатаму може да постигна 30 или 40 голови во една сезона. Тоа може да го прави во наредните неколку години“, рекол Кан.

Левандовски, во првиот дел од сезоната има постигнато 19 голови, Халанд, кој речиси два месеци беше повреден е на бројката 13.

Се вчитува...