Оливер Кан во шок: Обвинувањата на Дортмунд се’ претерани!

Баерн Минхен го доби големото дерби против Борусија Дортмунд со 3-2, а по мечот домаќините беа гневни на судијата кој донел неколку лоши одлуки.

Голем скандал по натпреварот предизвика талентираниот Џуд Белингам, кој даде коментар за судијата.

„Најголемиот меч од германскиот фудбал сте му го дале на судија кој во минатото местел натпревари? Што требаше да очекуваме?“, кажа Белингам.

На овие обвинувања беше шокиран првиот човек на Баерн, Оливер Кан, кој не може да верува што има кажано Белингам.

„Понекогаш се кажуваат зборови за кои подоцна жалите, но Белингам претера. Не знам некој друг да кажал такво нешто досега“, вели Кан.

Се вчитува...