Оливие Жиру претставен во Челси

Францускиот интернационалец Оливие Жиру го напушти Арсенал, но остана во Лондон и пристигна на „Стемфорд бриџ“. Тој е ново засилување за навалната линија на Челси, откако денеска ги мина лекарските прегледи и потпиша договор на 18 месеци со актуелниот англиски првак. Тој ќе го носи дресот со број „18“.

„Челси е еден од најголемите англиски клубови, актуелен првак, и секако дека сум горд што во иднина ќе го носам дресот на овој клуб“, изјави Жиру.

 

Се вчитува...