Омраза на Велодром меѓу првите ѕвезди – Паје на клупа, само за да не се истепа со Тован

Пукна тивката во францускиот прволигаш, Олимпик Марсеј. По јавните критики на тренерот Андре Вилјаш Боаш кон првотимците, постои и нова нетрпеливост и тоа меѓу првите две ѕвезди, Дмитри Паје и Флоријан Тован. Нивната нетрпеливост не може да ја покрие ниту португалскиот тренер.

Физичка пресметка се уште немало, но француските медиуми потсетуваат дека нивната нетрпеливост е се поголема. Сето ова го следи Вилјаш Боаш, кој гледа на секој начин да ги раздели. Засега му дава предност на Тован кој е стартер на последните четири натпревари. Локалните медиуми велат дека Вилјаш-Боаш го намалува учеството во тимот на Паје само како би спречил конфликт меѓу двајцата дури и на мечевите на тимот.

 Во една таква ситуација, јасно е зошто Олимпик во последно време се мачи да стигне до триумф на теренот.

Се вчитува...