Манчестер Јунајтед би можел наскоро да се ослободи од Андре Онана, чие доведување на „Олд Трафорд“ се покажа како грешка.
Како што е познато, во последниот ден од преодниот рок, белгискиот голман Сене Ламенс од Антверпен дојде на „Театарот на соништата“, а младиот Белгиец ќе биде прв избор на Рубен Аморим.
Јунајтед сега наводно бара начини да ги продаде или Онана или Алтај Бајиндир. Засега варијанта за заминување е Онана, кој би можел да продолжи во Турција или во Саудиска Арабија.
Онана би можел да заврши во Трабзонспор, како замена за Угурчан Чакир кој отиде во Галатасарај. Опција се и тимови од Саудиска Арабија, но не би можел да оди во Ал Хилал, Ал Наср и Ал Ахли, со оглед дека овие три тима веќе имаат голмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

