Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ

Најсреќниот добитник во наградната игра Orbit Момент да блеснеш, добитникот на главната награда Peugeot 208 е Анета Петковска од Битола.

На 20 април пред главниот влез од Vero Jumbo центарот, клучевите од главната награда беа доделени од страна на Маријана Петрушевска Иваноска претставник од компанијата Mars.

И честитам на среќната добитничка на главната награда, како и на сите останати наградени кои во изминативе 5 седмици играа со нас. Марс продолжува со исто темпо, и во иднина ќе има уште многу причини за блескави насмевки на лицата на нашите потрошувачи” – изјави  претставник од компанијата Mars.

Во текот на наградната игра, која започна од 01 март и траеше до 05 април се доделија супер награди. Во тој период покрај главната награда, беа доделени и пет Peugeot Kisbee скутери како и 36 Samsung S36 hoverboard.

Компанијата Mars планира во иднина да продолжи со организирање на наградни игри, а она што може да го најави е следната која ќе се реализира во текот на мај месец оваа година. Поради тоа она што можеме да го ветиме е дека во периодот што следува ќе има многу изненадувања од страна на Mars.

 

Комерцијален текст

Се вчитува...