Османи: Со вакви победи се освојува титулата

Шкендија го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0 и ја зголеми предноста во однос на Вардар на големи 11 бода, на врвот на табелата во Првата лига. И покрај снежните услови на Градскиот стадион во Тетово, како и неволјите што ги имаше тимот во текот на мечот, исклучувањето на Фазлагиќ и двата нереализирани пенали, Шкендија на крајот со голот на Ферхан Хасани успеа да стигне до заслужен триумф.

Тренерот Ќатип Османи е задоволен од покажаниот победнички дух на својата екипа.

„Задоволен сум од изданието што го прикажа тимот на овој тежок натпревар. Условите за игра беа навистина многу тешки, но и покрај тоа успеавме да стигнеме до победа и три бода. Со вакви победи се освојува титулата, иако морам да напоменам дека се уште ништо не е готово, бидејќи има да се игра уште многу до крајот на шампионатот. Имавме големи неволји во текот на натпреварот, беше исклучен Фазлагиќ, не успеавме да реализираме два пенали, но на крајот сепак тимот го покажа својот победнички карактер“, изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Се вчитува...